Top Sport

Успешно деби на Ајзеа Томас (Видео)

Ајзеа Томас конечно дебитираше за Кливленд Кавалирс, каде од Бостон пристигна летово во замена за Кајри Ирвинг.

Томас не играше седум месеци поради повреда, а во дебито за Квалирс постигна 17 поени со 50-отстотна реализација за 19 минути колку што мина на теренот.

Кливленд славеше над Портланд 127:110, а до триумфот тимот го предводеше Леброн Џејмс со 24 поени, осум скока и пет асистенции.

Кај Портланд се истакнаа Демијен Лилард со 25 поени и шест асистенции, односно Јусуф Нуркиќ со 23 поени и седум скока.

Са Антонио славеше во Њујорк против Никс 100:91. Тренерот на Сан Антонио Грег Поповиќ ја забележа 1.176 победа во кариерата и на вечната листат на петтото место се изедначи со Џорџ Карл. На врвот на листата е Дон нелсон со 1.335 победи.

Ламаркус Олдриџ постигна 29, а Кавај Ленард 25 поени, на кои придодаде осум скока и по четири асистенции и украдени топки.

Феникс забележа победа во дуелот со Атланта 104:103. Решавачката тројка на мечот ја постига тревор Букер на 12,3 секунди до крајот на натпреварот, а пота Маркиз Киз успеа да го блокира шутот на Тауреан Принс.

Букер мечот го заврши со 34 поени, а три помалку постигна Ти-Џеј Ворен. Турчинот Ерсна Иљасова со 21 поен беше најпрецизен кај Атланта.

Шарлот предводен од Николас Батум (21 поен) и Двајт Хауард (20 поени) убедливо славеше во Сакраменто со 131:111. Зек Рендолф беше најдобар кај домаќинот со 24 поени, додека Богдан Богдановиќ постигна 11 поени.

ЛА Клиперс го победија Мемфис 113:105 и ја забележаа четвртата победа во низа. Лу Вилијамс постигна 33 поени, Блејк Грифин 21, а Милош Теодосиќ мечот го завршши со 13 поени, пет скока, шест асистенции и пет загубени топки.

Scroll to Top