Top Sport

Фудбалери на Аталанта „во штрајк“ – причина е малата плата!

Неколку фудбалери на калчолигашот Аталанта од Бергамо би можеле да го напуштат клубот поради малите плати. Медиумите на „Чизмата“ наведуваат дека на излезна врата се Ханс Хејтбур, Робин Госенс, Берат Џимшити, Марко Спортиело, Ремо Фројлер…

Хејтбур се чини веќе е сигурен дека ќе си оди од Бергамо/

„Резултатите на Аталанта во минатите 3 сезони беа фантастични, но мислам дека не можеме понатаму. За мене, кругот е затворен и сакам нов клуб“ рече тој.

Сите набројани играчи настапуваат за релативно мали пари, затоа што годишната заработка им е помала од половина милион евра.

Колку добар резултат направи италијанската екипа сезонава говори податокот што целата стартна постава на тимот е поефтина од Нејмар, чија плата е 36 милиони евра по сезона. Аталанта ја делеа неколку минути да го елиминира ПСЖ од ЛШ.

Играчи кои имаат годишна плата поголема од 1 милион евра во Аталанта се Дуван Запата, Папу Гомез, Луис Муриел, Јосип Иличиќ, Марио Пашалиќ и Руслан Малиновски.

Scroll to Top