Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години денеска го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Романија. На тренинг центарот „Буфтеа“, избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа 1:1 против Романците.
По првите 45. минути, мрежите мируваа. Македонија се закани неколку пати посериозно по голот на домаќинот. Во 37. минута Митров има добра позиција, шутираше покрај голот на противничкиот голман. Во последната минута од првото полувреме, Саити пропушти добра можност за постигнување погодок.
Во продолжението Ливорека имаше одлична можност, но шутираше крај голот. Две минути подоцна, нова добра шанса за Македонија. Одличниот продор и додавање на Аризанковски не успеа да го искористи Митров.
Македонија сосема заслужено поведе во 65. минута. Никола Величковски беше стрелец на погодокот. Романија во 73. минута го изедначи резултатот и да ги постави конечните 1:1.