Top Sport

Фудбалерите ги стартуваа подготовките за мечот против Малта

Фудбалската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за мечот против Малта в четврток, со кој националниот тим го отвора новиот циклус квалификации за Европското првенство 2024 во Германија.

Селекторот Благоја Милевски го одржа првиот тренинг со фудбалерите, а националниот тим треба да се комплетира во текот на утрешниот ден, кога треба да пристигнат и Елиф Елмас, Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Дебитантот Давор Здравковски истакна дека е пресреќен што му се исполнил сонот, да биде дел од А-репрезентацијата на Македонија.

„Секое момче кое почнува да тренира фудбал во оваа држава, има само еден сон – да биде А-репрезентативец на Македонија. Среќен сум што сум дел од ова семејство и се надевам дека ќе имаме успеси во иднина“, изјави Давор Здравковски.

Македонија ќе ја пречека Малта в четврток на арената „Тодор Проески“, а потоа на 27 март ќе одигра и пријателски натпревар против Фарски Острови.

Scroll to Top