Менаџерот на Арсенал, Микел Артета се соочува со „пуч“ од страна на своите фудбалери откако не ја презеде одговорноста за слабата сезона за „топчиите“ и ги обвини нив, тврди британскиот „Сан“.
Искусните фудбалери на Арсенал исто така се загрижени околу тактичките одлуки на Артета, како и неговиот однос кон одредени фудбалери, тврди таблоидот, откако Арсенал се само на 10. место во Премиер лигата, со 12 поени заостанување зад првите четири.
Тие го посочуваат односот кон капитенот Пјер-Емерик Обамејанг, кој беше оставен на клупата за 1:1 ремито со Славија Прага во Лига Европа, откако имаше лош натпревар против Ливерпул (0:3). Габонецот влезе во игра во второто полувреме и беше асистент на голот на Арсенал против Славија. Друг пример е фудбалерот од средниот ред Томас Парти, кој пристигна за 45 милиони фунти во текот на летото, и кој не се искористува најдобро со тактиката на Шпанецот.