Top Sport

Фудбалер доби црвен картон за удар со глава на свој соиграч

Во англиската Лига 2 (инаку четврта лига по ранг), вчера се случија неверојатни сцени, откако напаѓачот на Гримзби таун, Стефан Пејн доби црвен картон за удар на глава на свој соиграч.

Гримзби губеа со 1:0 на гости кај Бредфорд сити, и неколку минути  по примањето на голот, кога заврши полувремето, Пејн се расправаше со својот соиграч, Португалецот Филипе Мораиш и го удри со глава. Судијата го следеше Пејн во тунелот и му покажа црвен картон.

Гримзби на крајот загубија со 1:0.

Scroll to Top