Top Sport

Фудбалерите на Баерн добија електрични автомобили од Ауди

Фудбалерите на Баерн мораа да ги вратат автомобилите со фосилни горива кои ги добија од нивниот спонзор Ауди. За возврат од Ауди добија нови, електрични автомобили.

Германија е позната како една од земјите кои најмногу се залагаат за екологијата, па не е ни чудо што фабриката на Aуди се преориентира кон производство на електрични автомобили.

Бидејќи ѕвездите на Баерн се главните промотори на овој бренд, им беа претставени нови луксузни модели кои штотуку се пуштени во продажба.

Во гаражата на стадионот се поставени 38 полначи со моќност од 150 kW. Тоа значи дека батериите на нивните електрични автомобили ќе бидат полни по завршувањето на тренингот.

Покрај тоа, наскоро ќе бидат поставени многу полначи за навивачите кои доаѓаат на стадионот, каде што ќе можат да ги полнат своите автомобили.

Баерн има спонзорски договор со Aуди до 2029 година.

Scroll to Top