Top Sport

Фудбалерите на Црвена ѕвезда ги нарекол водоводџии, па им се извинил на кошаркарите

Поранешниот играч на Ливерпул, Блекбурн, Лидс…Стивен Ворнок уште еднаш се изрезили. Откако вчера гостувајќи на „Скај Спорт“ ги нарече фудбалерите на Црвена ѕвезда „водоводџии“ и „полу-професионалци“, тој реши да се извини, но извинувањето го испратил на адреса на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда.

„Извинување до КК Црвена ѕвезда доколку некого навредив или покажав непочитување. Прочитав нешто за еден фудбалер кој имал регуларна работа пред да дојде во клубот. Не разбрав дека се работи за лажна вест. Очигледно не треба да верувате во се она што ќе го прочитате. Се извинувам, ја научив лекцијата“, напишал Ворнок.

Ворнок се изрезили и со фактот дека не ги познава екипите и дека не го следи премногу фудбалот надвор од Англија. Црвена ѕвезда лани воо Белград го победи Ливерпул (2-0). Таа победа одекна низ Европа.

Scroll to Top