Top Sport

Милан се повторно во проблеми со финасискиот фер-плеј

Фудбалскиот клуб Милан повторно се соочува со санкции од УЕФА поради финансискиот фер-плеј. Милан се откажаа од настап во Лига Европа за да ги избегнат санкциите на УЕФА, меѓутоа финансиската ситуација во клубот и понатаму не е добра.

Минатата сезона славниот клуб ја завршил со минус од 120 милиони евра, а според прогнозите финансиската дупа оваа сезона ќе биде помеѓу 85 и 90 милиони евра.

Она што не е добро за клубот е што новите сопственици, инвестицискиот фонд „Елиот“, немаат намера да вложуваат дополнителни средства.

Италијанските медиуми објавија дека Американците на функционерите во клубот им порачале дека мора да најдат баланс помеѓу приходите и расходите бидејќи ситуацијата била неодржлива.

Во една ваква ситуација се очекува клубот да започне да ги намалува платите на фудбалерите. Најчесто се спомнуваат платите на голманот Донарума и капитенот Ромањоли, дури се шпекулира дека еден од нив ќе биде продаден до крајот на преодниот рок.

Scroll to Top