Top Sport

Фудбалерите на Динамо Киев нема да се ракуваат со играчите на Партизан

Фудбалерите на Динамо Киев вечерва ќе го пречекаат белградски Партизан во 2. прелиминарно коло од Лигата на шампионите. Украинскиот тим поради војната домашните натпревари ги игра во странство, Партизан ќе го пречека во Лублин, Полска.

Иако фокусот на играчите е на натпреварот, политиката се вмеша во овој меч.

Тренерот на Динамо, Олександар Шовковски го критикуваше Партизан за дел од подготовките за новата сезона што ги одработи на пријателскиот турнир во Москва. Тој ја осуди одлуката на српскиот клуб да отпатува во Москва, главниот град на земјата која ја нападна неговата татковина и води освојувачка војна против неа,

Шовковски ја помина целата своја голманска кариера во Динамо Киев, одигра повеќе од 633 натпревари, четиринаесет пати ја освојуваше титулата во украинскиот шампионат и уште десет пати во купот. Минатата година стана тренер.

На почетокот на прес-конференција пред вечерашниот меч тој прочита изјава во која потенцираше дека клубот не се одвојува од својот народ и оти заминувањето на Партизан на турнирот во Русија наишло на осуда.

Тој тврди дека Партизан на тој начин изразил знак на солидарност со окупаторите на Украина и убијците на украинскиот народ и дека поради тоа нема да има официјален протокол поврзан со натпреварот. Не се очекува и дека играчите на Динамо да се ракуваат со противниците пред натпреварот.

Scroll to Top