Пред последниот домашен меч оваа сезона, фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе истрчаат „почесен“ круг на „Олд Трафорд“ по денешниот меч против Брентфорд, но дел од фановите нема да бидат на трибините во знак на протест кон газдите, семејството Глејзер.
Мизерната сезона на „Олд Трафорд“ завршува вечерва по што следуваат уште две гостувања, а навивачите видоа само 9 победи во Манчестер оваа сезона, со најава за голем број на заминувања на крајот на сезоната и со пристигнувањето на новиот газда Ерик Тен Хаг.
Дел од навивачите веќе најавија дека на 17 минути пред крајот на мечот ќе го напуштат стадионот во знак на протест на 17-те години во кои клубот е под американските сопственици.