Top Sport

Фудбалерите на Каљари се откажаа од платата за април

Фудбалскиот клуб Каљари објави дека фудбалерите од првиот тим на италијанскиот прволигаш се согласиле да се откажат од своите плати за месец април во обид да му помогнат финансиски на клубот во моменти на економска криза.

Клубот се заблагодари на гестот и посочи дека со тоа ќе се помогне да нема „драстични намалувања“ на другите исплати на вработените во клубот.

„Каљари Калчо објавува дека се склучи договор со сите фудбалери од првиот тим, кои ќе се откажат од платите за месец април 2020. Претседателот Томасо Џулини се заблагодарува на договорот, за чувствителноста која ја покажаа во заштита на клубот во овој компликуван период“, се вели во соопштението на клубот.

Тимот од Сардинија е четврти од Серија А кој се договори за намалување на платите по Јувентус, Рома и Парма.

Scroll to Top