Фудбалерот од средниот ред од Милан, Тиемуе Бакајоко се извинил на своите соиграчи за своето доцнење на тренерот, тврдат „Скај спорт Италија“ и „Спорт медијасет“, извинување кое било прифатено од тренерот Џенаро Гатузо.
Французинот, кој е во Милан како позајмен фудбалер од Челси, се појавил на тренингот во средата со еден час задоцнување, по што Гатузо решил да го прати цел тим на „казнен тренинг-камп“, во италија познат како „ин ритиро“. Бакајоко објаснил дека неговиот автомобил се расипал на патот до Миланело, тврдат италијанските медиуми.
„Росонерите“ ја почнаа својата казна, по која се ограничени на живот во тренинг-центарот во Миланело, во четврток, и тоа ќе трае до понеделничкиот меч од Серија А против Болоња во понеделник.
The reason behind Bakayoko arriving 1 hour late for training was because his car broke down on his way to Milanello, which made it practically impossible for him to arrive at the scheduled time for training. [MN] pic.twitter.com/8NE1WaZ5s7
— TheMilanBible (@TheMilanBible) May 1, 2019