Top Sport

Катарските газди се разочарани, сега ќе трошат помалку пари на ПСЖ?

Сопствениците на францускиот шампион Пари Сен-Жермен, „Катар спортс инвестментс“ (QSI) може да се одлучат на намалување на финансиската поддршка за клубот откако биле разочарани од прогресот кој е направен, тврдат дел од француските медиуми.

Според весникот „Ле паризиен“, Тамим бин Хамад Ал-Тани, сегашниот политички лидер на Катар и другите инвеститори не се задоволни што по огромните инвестиции од 2011 година, единствено можат да се пофалат со домашна доминација, а од друга страна емирот се плаши дека овој неуспех лошо влијае не неговиот имиџ.

Постоеја шпекулации дека „QSI“ се подготвени да се фокусираат на друг шампионат, со Рома како прв пример, иако претседателот на италијанскиот клуб, Џејмс Палота демантира дека има било какви контакти со Катарците.

Минатиот месец пак, се тврдеше дека „QSI“ има интерес да земе некој англиски клуб од втората лига со голема историја и да го врати во Премиер лигата.

Богатите газди на ПСЖ купуваат „заспан џин“ од Англија!

Scroll to Top