Top Sport

Фудбалерите на Реал Сосиедад од вторник на тренинзи

Иако во Шпанија на сила е вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот, сепак Реал Сосиедад планира во вторник да ги собере играчите и стручниот штаб за да се вратат на тренинзи.

„Фудбалерите на Реал Сосиедад следната недела, поточно во вторник ќе им се вратат на тренинзите“ – пишува шпанска „Марка“.

Одлуката на првите луѓе на клубот од Сан Себастијан е во најмала рака изненадувачка ако се знае дека во Шпанија владее вонредна состојба, а сите спортски случувања се забранети.

Тренерот на екипата, Иманол Алгуасил наводно уште вчера им соопштил на фудбалерите за одлуката на Управата, земајќи ги в предвид сите неопходни мерки што ги пропиша тамошното Министерство за здравство.

Ла Лига е прекината од 13 март, од кога е на сила вонредната состојба во Шпанија.

Инаку, пандемијата на коронавирусот во земјата досега зема над 16.000 животи, додека повеќе од 160.000 луѓе се заразени со вирусот.

Scroll to Top