Top Sport

Ајнтрахт ги почна тренинзите во мали групи: Се пазиме, миеме раце!

Фудбалерите на бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт во групи, по тројца, односно четворица им се вратија на тренинзите. Контакт меѓу нив не е дозволен. Во секоја соблекувална може да има само тројца играчи и тие не смеат да ја користат салата за кревање товар.

Фудбалерот на Ајнтрахт, Желсон Фернандес рече дека играчите се среќни што им се вратија на тренинзите и додаде дека Бундеслигата би можела да продолжи на крајот на мај.

Поради пандемијата на коронавирусот, Бундеслигата е суспендирана на 13 март и сигурно нема да продолжи пред 30 април.
„Кога ќе се вратиме, ќе биде тоа без публика. Мислам дека тоа ќе е на крајот на мај. Невозможно е да се мисли дека во јуни, јули или август би можеле да играме пред 50.000 публика. Тоа би било погрешно“ – рече Фернандес.

Тој напомена и дека тројца или четворица играчи на тој клуб беа позитивни на коронавирусот и мораа 14 дена да бидат во самоизолација.

„Убаво е да си на терен, но внимаваме, миеме раце. Среќни сме. Тоа е единствениот начин на кој можеме да ја работиме нашата работа“ – рече Швајцарецот во дресот на Ајнтрахт.

Тој смета дека на играчите ќе им бидат потребни најмалку три недели подготовки, инаку во спротивно ќе има многу повреди.

Scroll to Top