Вардаровата експедиција утрово отпатува за Сан Себастијан, каде в четврток, ќе го одигра натпреварот од четвртото коло во Лига Европа против Реал Сосиедад.
Со овој натпревар ќе стартува вториот дел од групната фаза од Лигата на Европа.
Во првиот дел Вардарци не освоија бодови, со надеж дека тоа ќе го сторат на последните три натпревари во групата „Л“.
Вардаровата експедиција некаде околу пладне ќе пристигне во Сан Себастијан. Во 18:30 „црвено-црните“ ќе одржат прес конференција, а во 19 часот ќе одржат тренинг на стадионот „Аноета“ каде што ќе се игра натпреварот.
фото/fkvardar.mk