Како дел од промоцијата на спонзорството на „Бетвеј“ на УК шампионатот во снукер, фудбалерите на Вест хем, Марко Арнаутовиќ, Марк Нобл, Роберт Снодграс и Хавиер Чичарито Ернандез имаа шанси да се обидат да го играат спортот за кој сите се експерти преку ТВ екраните.
Со помош на поранешните професионалци, Стив Дејвис и Џон Перот, „чеканите“ се поделија во два тима и одиграа интересна игра на „луд снукер“ – снукер со различни пречки на масата. Резултатот е интересен.