Top Sport

Фудбалерите во Аргентина не сакаат дронови

Аргентинскиот прволигаш Росарио Централ синоќа со 3-0 славеше против Њуелс олд бојс и така петта година во низа останува непоразен во второто најголемо аргентинско дерби.

Се играше 3. минута на дуелот (пред празни трибини), домашните фудбалери изведуваа корнер. Во тој момент над шеснаесетникот на Њуелс се појави дрон, а на него висеше порака која ја исмејуваше гостинската екипа.

Еден од домашните фудбалери успеа да го сруши дронот на земја, а Пабло Перез (фудбалер на Њуелс) отиде зад гол-аут линијата и со копачката го здроби уредот.

Scroll to Top