Top Sport

Лапорта во еуфорија на „Мастаља“: Уште 4 победи и титула!

Со синоќешната победа 3-2 на Барселона на „Местаља“ против Валенсија тимот од Каталонија ги зачува шансите за шампионската титула во Ла Лига.

Драмата во последните 4 кола може да се одвива помеѓу Атлетико (М), Барселона, Реал Мадрид и Севилја.
Токму следното коло може да даде повеќе одговори затоа што Барселона ќе ги дочека „Јорганџиите“ на Симеоне, а Реал Мадрид ќе биде домаќин на Севилја.

По синоќешниот гостински триумф, претседателот на Барса, Жоан Лапорта го зафати еуфорија.

„Пред мечот со Валенсија рекод ако ги добиеме овие 5 натпревари до крајот, ќе бидеме шампиони. Сега веќе не се 5, туку 4 меча. Јас сум убеден дека ќе бидеме први“ рече Лапорта.

Повторно во центарот на вниманието е Лео Меси кој иако не постигна гол од пенал, двапати ја тресеше мрежата на „лилјаците“.

„Не е само Меси, целиот тим одигра одлично во Валенсија“ додаде Лапорта.

Scroll to Top