Top Sport

Фудбалерите во Серија А можат да очекуваат намалување на платите

Фудбалерите во Серија А може да очекуваат намалување на платите како последица на пандемијата на корона вирусот, признава шефот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина.

Италија е најмногу погодена земја во Европа од вирусот со над 35.000 потврдени случаи и речиси 3.000 починати, а Серија А беше првата од петте големи европски лиги која беше стопирана. Оваа ситуација придонесе клубовите да имаат големи загуби и Гравина вели дека парите мора да дојдат од некаде.

„Не може да не се зборува и за намалување на платите. Мораме да сфатиме дека итната ситуација е насекаде и дека светот мора да научи да се промени. Мораме да ја преземеме одговорноста“, изјави Гравина.

Дамјано Томаси, поранешниот фудбалер на Рома, а сега шеф на синдикатот на фудбалерите во Серија А бара да не се избрзува.

„Оддржливоста на фудбалскиот систем по оваа глобална криза е главна цел на сите кои се дел од системот, вклучувајќи ги и фудбалерите. Сите сакаме да го заддржиме економскиот баланс и затоа мора внимателно да се бира што ќе се направи“, вели Томаси.

Scroll to Top