Top Sport

Јуве сакаат да им го „грабнат“ Ернандез на Милан

Милан ќе мораат добро да се потрудат за да го заддржат Тео Ернандез на „Сан Сиро“ откако италијанските медиуми тврдат дека Јувентус подготвува понуда од 45 милиони евра, а во исто време постои интерес и кај клубовите од Премиер лигата.

22-годишниот Ернандез дојде за 20 милиони евра од Реал Мадрид во јули по убедување на Паоло Малдини и неочекувано за дефанзивец стана вториот најдобар стрелец во клубот со 6 гола и 2 асистенции во 25 меча.

Според „Ла газета дело спорт“, неговата вредност скокнала повеќе од двојно и Јувентус има сериозна намера да го купи, меѓутоа „Кориере дело спорт“ вели дека Милан се подготвени дури да му го продолжат договорот, кој трае до 2024 година за да се „одбранат“ од вакви понуди.

Scroll to Top