Top Sport

Фудбалерка на Чарлтон доби отказ поради постови на Снепчет

Фудбалерката на Чарлтон, 22-годишната Медлин Рајт, доби отказ од својот клуб откако на Снепчет поставила видеа во кои инхалира од балони на една забава и пие шампањско зад воланот на нејзиниот Ренџ Ровер.

22-годишната Рајт, која е мини-Инстаграм ѕвезда со над 50.000 следбеници, претходно била под истрага на својот поранешен клуб, Милвол, откако објавила видео во кое била со кучето на својот пријател зад воланот на автомобилот.

„Клубот направи истрага откако дозна за видеото и реагираше. Разочарани сме со однесувањето кое не ги исполнува вредностите на клубот. Фудбалерката веќе го напушти клубот“, објавија од Чарлтон.

Scroll to Top