Top Sport

Фудбалерка на Замбија влезе во историјата на светскиот фудбал

Фудбалерката од Замбија, Барбра Банда, на натпреварот против Костарика го постигна 1.000. гол во историјата на СП за жени. Таа секогаш ќе остане запишана во историјата на светскиот фудбал.

Во 31. минута капитенот на Замбија од пенал ја совлада Даниела Солер и ја зголеми предноста на Замбија против Костарика на 2:0.

Набргу потоа, на социјалните мрежи честитки до 23-годишната фудбалерка објави и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Scroll to Top