Top Sport

Фудбалерот Бен Вајт вели: Никогаш не сум сакал да гледам фудбал

Дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт вели дека не ужива да гледа фудбал и покрај тоа што тоа му е професија. Вајт ова лето прејде во Арсенал од Брајтон во трансфер вреден високи 50 милиони фунти и 24-годишниот Англичанец вели дека сака да има други активности кога не ја врши својата работа.

„Фудбалот е толку интензивен, доаѓаш секој ден и го даваш својот максимум. Кога ќе стигнам дома не сакам да размислувам за фудбалот, за да можам следното утро да се вратам и пак да дадам 100 отсто. Ги гледам моите мечеви поради анализа на играта, ја гледам Англија кога ќе можам, но не седнувам да погледнам некој меч. Кога бев помлад воопшто не гледав фудбал, само сакав да играм. Затоа не знам многу од постарата генерација фудбалери, иако знам дека Патрик Виера беше добар играч. Деталите не ги знам“, вели Вајт.

Scroll to Top