Top Sport

„Армејците“ едвај против Звезда, Барса се намачи со Монако

Црвена звезда беше многу блиску до прва победа над ЦСКА Москва во Русија, пред „Армејците“ во интересна завршница да стигнат до 78:76 победа во четвртото коло на Евролигата.

Звезда поведе уште во првата четвртина, а беше во предност и во следните две четвртини, пред ЦСКА да стигне до победа и да го подобри скорот оваа сезона на 3-1. Со серија од 8:2, ЦСКА на стартот на последната четвртина дојде до 6 поени разлика, по што останаа во предност до крајот на мечот. Звезда сега паѓа на 2-2.

Волтерс со 16 и Кузмиќ со 14 беа најдобри за Звезда, додека за ЦСКА, Вил Клајбурн уфрли 18 поени, а Алексеј Швед имаше 16.

Барселона остана непоразена, откако по продолженијата стигнаа до 85:81 победа кај новакот во натпреварувањето, Монако. Францускиот клуб имаше двоцифрена предност во првата четвртина, но во финишот на мечот двата тима влегоа израмнети. Брендон Дејвис во последната секунда од регуларниот меч погоди за израмнување, во кое Каталонците стигнаа до победа.

Дејвис беше прва ѕвезда на Барса со 27 поени, 10 скока и 4 асистенции, а Миротиќ имаше 14 поени и 5 скока.

ЕВРОЛИГА, 4.КОЛО

ЦСКА Москва – Црвена звезда 78:76 (17:21, 25:21, 15:15, 21:19)

Монако – Барселона 81:85 (22:12, 13:19, 19:25, 21:19, 6:10)

Олимпијакос – Жалгирис 83:68 (12:23, 24:16, 27:10, 20:19)

Милано – Анадолу Ефес 75:71 (16:21, 26:15, 21:13, 12:22)

Реал Мадрид – Панатинаикос 88:65 (30:18, 12:12, 20:20, 26:15)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top