Top Sport

Фудбалерот на Атлетико и проблемите со автомобилот (Видео)

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид со еден од спонзорите, автомобилскиот гигант „Хјундаи“, организираа фото-сесија. Се било во најдобар ред додека в автомобилот не седнал Томас Парти.

Томас, на теренот може да одговори на секоја задача. игра во редот на врска, како централен или по страните, може да игра и десен бек и како централен дефанзивец, но кога треба да вози има проблем.

Репрезентативецот на Гана, се согласил да го вози автомобилот. Кога го стартувал возилото започнале и проблемите. Очигледно Томас имал проблеми со автоматскиот менувач. За малку ќе соберел една од рекламите покрај теренот.

Откако излегол од автомобилот, возачот бил лут, а Годин, Гризман и останатите фудбалери на Атлетико „умирале“ од смеа.

Томас Парти на фудбалскиот пазар вреди повеќе од 30 милиони евра, на теренот работи се, дури и гол знае да постигне, но никако не му давајте автомобил.

Scroll to Top