Top Sport

Фудбалерите 2018 година ја финишираа како 68. на ФИФА-листата

Македонската фудбалска репрезентација годината што изминува ќе ја заврши на 68.место на ранг-листата на ФИФА. Светската фудбалска федерација, во четвртокот, ја објави последната ранг-листа во 2018 година го објави најновото рангирање, на кое Македонија има 1343 бода.

Во однос на почетокот на годината, Македонија забележа напредок од осум места на ФИФА-листата.

Годината на првото место ја завршува Белгија со 1733 бода, еден повеќе од Франција, а потоа следуваат Бразил, Хрватска, Англија, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија, Данска…

Кога станува збор за репрезентациите против кои Македонија ќе игра во квалификациите за ЕУРО 2020, најдобар рејтинг има Полска (20 место), а подобро рангирани од црвено-жолтите се уште Австрија (22) и Словенија (62).

Според рејтингот зад Македонија се Израел (90) и Летонија (132).

фото: ffm.mk

Scroll to Top