Овогодинешното Европско првенство во фудбал, кое ќе се оддржи од 12 јуни до 12 јули, по многу што ќе биде единствено првенство во однос на претходните. Најкрарактеристично е бројот на учесници – дури 24 репрезентации, и, за прв пат во 60-годишната традиција на организирања на првенствата, домаќини ќе бидат дури 12 градови. Тоа се: Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санк Петерсбург.
Без потценување на другите групи и репрезентации, се чини дека најинтересно ќе биде во Лондон. Најпрвин во групните натпреварување, ова е групата за која важи епитетот „повеќе од фудбал“. Ривалството на репрезентациите прво се гледа во главниот конкурент на домаќинот Англија за освојување на првото место во групата, а тоа е светскиот вицешампион Хрватска. Овие две репрезентации имаат повеќегодишна традиција на меѓусебни ривалства со, понекогаш, многу шокантни резултати. Вкупно имаат одиграно 10 мечеви, од кои во три побeдник била Хрватска, два завршиле нерешено, а во пет мечеви победила Англија. Највисоки победи остварила Англија во квалификациите за Светското првенство, во 2008 година, победувајќи 4-1 и во 2009 со 5-1. Хрватска се реванширала на последното Светско првенство во фудбал во Русија, победувајќи со 2-1, како и во кваификацииите за Европското првенство во 2006 година, кога победила со 2-0.
Дополнителна фудбалска, но и вонфудбалска драж на оваа група ѝ дава, евентулниот, пласман на Србија на ЕП, која ќе игра во оваа група, а што ќе се знае во март. Меѓусоседското ривалство меѓу Србија и Хрватска отсекогаш претставувало „повеќе од игра“, во која, со една победа повеќе, поуспешна е Хрватска. Нивниот можен „судир“ во Лондон, Дејли Телеграф го најавува како едно од најжешките фудбалски ривалства во светот, поради тензиите меѓу двете земји од распаѓањето на Југославија, но и поради честите лоши меѓудржавни односи на Хрватска и Србија. Радост за навивачите и љубителите на фудбалот, но голема главоболка за организаторот.
Во групата најрастеретена од вонфудбалски мотиви за игра е Чешка, што можеби е и предност за оваа репрезентација да прикаже добар фудбал и да стигне до самата завршница. Особено ако се знае историјатот на Чешката фудбалска репрезентација, која отсекогаш била поуспешна на Европските отколку на Светските првенства. Така, во 1996 година, и тогаш играјќи во Англија на ЕП, Чесите играле во финалето, кое го загубиле од Германија со 2-1. Во 2004 година, на првенството во Португалија, Чешка го освоила третото место, победувајќи ја во малото финале Данска, а пред тоа Германија и Холандија. Ваквите резултати ја прават Чешка фаворит од сенка во групата, но и на целото првенство.
Дополнителна фудбалска магија на оваа група и дава и местото каде таа ќе се игра. Тоа е колевката на светскиот фудбал – Вембли стадионот. Овој стадион со капацитет од 90.000 седишта е комплетно реновиран во 2007 година и е седиште за Анлискиот национален тим. Освен групните натпревари, на овој стадион ќе се играат и полуфиналните натпревари, како и финалето на 12 јули, кое ќе биде и второ Вембли-финале, по она во 1996 година. За разлика од другите светски стадиони, кои го предаваат победничкиот трофеј на самиот терен, на Вембли се предава пехарот во т.н. Кралската кутија (Royal Box) на средината на северниот дел.
Фасцинантниот полукружен лак на стадионот Вембли е најдолгиот и единствен „покрив над покрив“ на светот, со висина од 315 метри над стадионот. Куриозитет е што финалето на Вембли ќе се игра во недела, на 12 јули, во 20 часот, истиот ден, само пет часа подоцна, кога традиционално се игра и машкото финале на тенискиот турнир Вимблдон. Бидејќи Англичанице многу држат до традицијата, уште од сега е јасно дека никакво поместување на термините нема да има.
Топ Спорт и Макфакс имаат намера да имаат свој известувач од овие два врвни спортски настани.
Ненад Живановски