Една од најдобрите македонски фудбалски школи „Форца Вардар“ од Скопје денеска официјално потпиша договор за соработка со поранешниот европски првак Црвена Звезда од Белград.
Со договорот е потпишана соработка за размена на играчи, стручна соработка како и организација на камп на Црвена Звезда во Скопје.
„Форца Вардар“ е една од најдобрите фудбалски школи во Македонија предводена од легендарниот фудбалер на Вардар, Јовче Џипунов. Од неа потекна и можеби најталентираните македонски фудбалери во овој момент, Елиф Елмас и Дарко Чурлинов.
View this post on Instagram