Албумот на „Панини“, посветен на Светското првенство во Каар, пристигна во Македонија, на голема радост на колекционерите на овие фудбалски албуми.
Досега беше практика познатиот албум „Панини“ за светското првенство да се објавува на почетокот на пролетта, но поради подоцнежното одржување на првенството во Катар (од 20.ноември до 18.декември), се мораше да биде одложено за неколку месеци.
Така колекционерите чекаа речиси половина година подолго најпознатата светска компанија за сликички да објави почетокот на еуфоријата, која во еден ден ја зафати и Македонија.
Сепак во овие времиња не е лесно да се колекционер, сликичките не е сеевтини. Едно пакетче чини 45 денари, во албумот има 67о сликички, што значи дека за да се собере целиот албум се потребни околу 6.300 денари.
Сепак, ова нема да биде пречка за вистинските колекционери, бидејќи задоволството да ги залепите играчите што ги добивте и да ги замените за оние што ви недостасуваат е едноставно бесценето.
Годинешниот албум, секако, е целосно посветен на Катар како домаќин на натпреварот, со тоа што корицата е многу поквалитетна отколку за Светското првенство во Русија пред четири години.
Покрај вообичаените сликички на стадионите, симболите на Светското првенство и легендите, секоја репрезентација, покрај со амблемот е застапена со 18 играчи.
Во овој албум „панини“ направи една значителна промена во обележувањето на сликичките. Тие веќе не се нумерирани од 1 до 670, туку се бројат за секоја репрезентација од 1 до 19. Значи, од нејзиниот грб до последниот играч.
Исто така забележливо е дека под сликата на одреден фудбалер не стои името на неговиот клуб.
Претпоставката е дека „Панини“ се одлучиле на ваков потег бидејќи преодниот рок ширум светот се уште е во полн ек и не можеше да се предвиди кој каде ќе игра од моментот на изработка на дизајнот на албумот и сликичките до почетокот на првенство во ноември.