Top Sport

Фукс: Уште на соиграчите им покажувам видеа од Раул

Кристијан Фукс открива дека во неговата кариера му се восхитувал само на еден фудбалер, легендарниот Раул со кого имаше шанси да игра во Шалке и додава дека на неговите сегашни соиграчи од Лестер уште им покажува видеа на легендарниот шпански напаѓач.

Фукс дојде како слободен фудбалер од Шалке во Лестер во 2015, и стана легенда на клубот како дел од генерацијата која во 2016 ја освои Премиер лигата и иако договорот му завршува на крајот на сезоната, се очекува дека левиот бек ќе остане со „лисиците“.

„Уште им ги покажувам на фудбалерите на Лестер видеата од Раул кога играв со него. Тој беше неверојатен. Не само што беше добар фудбалер, туку беше и вистински џентлмен и еден од најфините луѓе со кои сум играл. Тоа беше остварување на сонот, бидејќи тој беше еден од фудбалерите кои ги следев кога раснев. Тоа беше првпат и последен пат да се чувствувам така. Горд сум што го делев теренот со него“, вели Фукс за порталот „Гол“.

Scroll to Top