Top Sport

Тите останува бразилски селектор уште четири години

Тите ќе го предводи Бразил и на Светското првенство во Катар во 2022 година, откако Бразилската фудбалска конфедерација (ЦФБ) му го продолжи договорот на уште четири години.

Тите беше донесен на селекторското место во 2016 година со две титули како тренер на Коринтијанс – Копа Либертадорес и Светското клупско првенство. Во Русија оваа година, тој ги предводеше Бразилците до четврт-финалето, каде што загубија од Белгија.

„Ова е голем предизвик за мене, но подготвен сум да ја преземам одговорноста“, изјави Тите.

Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Еду, исто така доби четиригодишното продолжувње на договорот на позицијата генерален менаџер на репрезентацијата.

Scroll to Top