Top Sport

Фулам го отпуштија Раниери по само 106 дена

Новата англиска „авантура“ на Клаудио Раниери немаше финиш како таа со Лестер со кои ја освои титулата од Премиер лигата, откако Фулам решија да се разделат со него по само 106 дена на чело на клубот и го заменија со Скот Паркер, откако премиерлигашот се најде на 19. место.

Последниот меч на Италијанецот на чело на клубот беше 2:0 поразот од Саутемптон во средата, по кој Фулам, кои влегоа во лигата со Славиша Јокановиќ имаат 10 поени зад безбедната зона на само 10 меча предк рајот на лигата.

67-годишниот Раниери победи во само 3 од 17-те меча како менаџер на Фулам, вклучувајќи ја 3:2 победата над Саутемптон во првиот меч, а низата од 11 порази вклучуваше и испаѓање од ФА купот од третолигашот Олдам.

„Клаудио дојде во тешка ситуација за нас, наследувајќи тим кој освои само еден поен во претходните осум меча и ни помогна да освоиме 9 поени во првите осум меча. Не го заддржавме ова темпо за жал, но тој заминува како наш пријател“, вели претседателот на клубот, Шахид Кан.

Раниери го предводеше Лестер до неверојатна титула од Премиер лигата во 2016 година, но беше отпуштен само 9 месеци подоцна, по што помина една сезона во францускиот клуб Нант.

Фото: ЕПА

Scroll to Top