Top Sport

„Фуријата“ првпат во историјата со 7 различни стрелци на еден меч

Шпанската фудбалска репрезентација ја „разгали“ публиката во Кадиз откако со 7-0 ја прегазе селекцијата на Малта во претпоследното коло од квалификациите за ЕУРО 2020.

Стрелци на синоќешниот меч на „Фуријата“ беа 7 различни играчи – Алваро Мората (23 минута), Санти Казорла (41), Пау Торес (62), Пабло Сарабија (63), Дани Олмо (69), Џерар Морено (71) и Хесус Наваз (85).

Шпанија идната година одбележува еден век од првиот меч одигран на ОИ во Антверпен во 1920.

Селекцијата имала и поубедливи победи од оваа, но првпат во историјата се случува 7 различни стрелци на меч.

Интересно е декаа Пау Торез, играчот на Вилјареал и Дани Олмо, фудбалерот на Динамо Загреб постигнаа погодок на својот дебитантски настап за националниот тим.

Торез својот погодок го постигна по само 59 секунди, откако влезе во игра на местото на Серхио Рамос. Побрз дебитантски погодок од него има постигнато само Дернандо Мориентес кој на мечот против Шведска во 1998 година ја затресе противничката мрежа по само 53 секунди.
https://youtube.com/watch?v=z-Zqcvx15jM

Scroll to Top