Top Sport

Харден повторно брилијантен, Богдановиќ не успеа да ги запре Леброн и „езерџиите“

Хјустон синоќа пред својата пувлика ја совлада Индијана со 111-102 на крилата на својот најдобар играч Џејмс Хареден кој шестипат во 12 меча од почетокот на сезоната постигнува најмалку по 40 поени.

Синоќа застана на бројката 44. Харден на првите 12 сезонски меча има постигнато 464 поени и 95 асистенции.

Сакраменто го доживе седмиот пораз откако синоќа загубија од Лос Анџелес Лејкерс со 99-97.

Богдан Богдановиќ постигна 18 поени кај Кингси, постигнувајќи ги последните 7 поени за својот тим. Сепак тоа беше недоволно против Леброн Џејмс кој на 5 секунди до крајот на мечот ги погоди двете слободни фрлања за победа.

Леброн мечот го заврши со 29 поени и 11 асистенции, а Дејвис имаше учинок од 17 поени и 4 блокади.
https://youtube.com/watch?v=TSl4FgEy5zU
Во останатите ноќешни мечеви постигнати се следниве резултати:

Шарлот – Детроит 109–106
Орландо – Сан Антонио 111-109
Мемфис – Јута 107-106
Минесота – Вашингтон 116-137
Голден Стејт – Бостон 100-105
Оклахома – Филаделфија 127-119 (по продолженија)

Scroll to Top