Top Sport

Фуриозен финиш – Шпанија ќе се бори за титулата на СП

Шпанија е првиот финалист на женскиот Мундијал во Асвтралија и Нов Зеланд. Во драматичен меч, во полуфиналето, Шпанија ја победи Шведска со 2.1.

До Светскоот првенство во Австралија и Нов Зеланд, шпанската репрезентација никогаш немаше играно ниту полуфинале, а годинава ќе има можност да се бори за титулата светски првак.

„Црвената фурија“, во фуриознен финиш во полуфиналето ја победи Шведска. Шпанија поведе со голот на Параљуело во 81. минута, израмни Бломквист во 88. Но само една минута подоцна Кармона Гарсија со прецизен удар од 16 метри ја совлада Зежира Мушовиќ.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Австралија и Англија, тој натпревар се игра утре од 12 часот. Финалето ќе се игра во недела на 20. август во Сиднеј, ден претходно во Бризбејн се игра мечот за третото место.

Scroll to Top