Футсал ѕвездата, Рикардињо, или со цело име Рикардо Фелипе да Силва Брага, потврди дека се повлекува од португалската репрезентација, откако шест пати беше избран за најдобар футсал играч на светот, а во националниот дрес одигра 187 меча и постигна 141 гол.
„Денеска ја објавувам крај на репрезентативната кариера, и ова беше неверојатено и незаборавно искуство за мене. Не постои потешка одлука во мојата кариера“, изјави 36-годишниот Рикардињо.
Тој ја предводеше Португалија до првата светска титула оваа сезона, а во кариерата играше за Бенфика, Нагоја, ЦСКА Москва и францускиот АЦС.
???
187 caps
141 goals#FutsalEURO 2018 ?#FutsalWC 2021 ?… but numbers do not tell the story of @ricardinho10ofi, who has ended his @selecaoportugal career today ? pic.twitter.com/3s4SkOOXLn
— UEFA Futsal (@UEFAFutsal) November 9, 2021