Габриел Барбоса-Габигол стави крај на својата врска со Интер и фрустрираше многу клубови во Европа, откако потпиша долгорочен договор со Фламенго за 17 милиони евра, со што ќе остане во татковината барем до 2024 година.
Габигол лани се врати во својот матичен клуб, Фламенго како позајмен фудбалер, постигнувајќи два драматични гола во финалето на Копа Либертадорес, а вкупно во 59 настапи постигна 43 гола. 23-годишниот Бразилец не се снајде во Интер и сега Фламенго потврдија дека тој ќе остане со нив со пораката: „Габигол е наш!“.
„Нацијата Фламенго ме прифати и тоа е начинот на кој живееме тука. Страствено и интензивно. Се смееме, страдаме, кршиме бариери. За доброто на Нацијата, останувам“, изјави Габигол.
SIM, NAÇÃO! #PodeLevantarAPlaquinha! Teremos gols do artilheiro rubro-negro até 2024! O GABIGOL É NOSSO! ??⚫ pic.twitter.com/6Q6T0jJAp6
— Flamengo (@Flamengo) January 28, 2020