Фудбалерот на калчолигашот Сампдорија, 28-годишниот Маноло Габијадини е позитиве на коронавирусот, соопши денеска клубот од Џенова. Тој е вториот фудбалер од клуб од Серија А кој е меѓу заразените, откако синоќа беше потврдено дека играчот на Јувентус, Даниеле Ругани исто така е меѓу заразените.
„Тој има блага грозница, но се чувствува добро. Клубот ги презема сите активности поврзани со изолацијата на фудбалерот“ – соопштија од Сампдорија.
Инаку Габијадини сезонава одигра 23 меча, постигна 7 гола. Во текот на кариерата ги бранеше боите и на Наполи, Болоња и англиски Саутемптон.
Сите натпревари во Серија А се суспендирани најмалку до 3 април годинава.
BREAKING: Former Southampton striker Manolo Gabbiadini has tested positive for coronavirus, say Serie A club Sampdoria.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) March 12, 2020