Top Sport

Нема да има тенис до 27 април

Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП) официјално ја суспендираше сезоната на 6 недели поради пандемијата на коронавирусот.

АТП ќе се обиде да ја рестартува сезоната на 27 април, а засега нема информации што ќе биде со ВТА (женската) сезона.
Финалето на Светската група на ФЕД купот кое требаше да се игра во Будимпешта од 14 до 19 април е одложено.

Одлуката е донесена по повеќечасовниот состанок на Унијата на играчи и претставиците на тениските турнири кои ги анализираа можните сценарија.

Првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ кој е претседател на Асоцијацијата на тенисерите преку конференциска врска разговарал со врвните луѓе на АТП.

Информациите се дека на ваквата одлука влијаело и тоа што коронавирусот (Covid-19) беше прогласен за пандемија во светски размери.

Иако голем дел од играчите заговараа продолжување на сезоната пред празни трибини, АТП се реши на уште порадикален рез, прекин на сезоната.

Ситуацијата кулминираше на почетокот на неделава кога беше откажан првиот Мастерс сезонава – Индијан Велс.

Со одлуката на АТП јасно е дека нема да се одиграат двата Мастерси, во Мајами и Монте Карло, како и турнирите од пониските категории, во Хјустон, Маракеш, Барселона и Будимпешта.

Scroll to Top