Top Sport

Габијадини си се врати во Сампдорија

Сампдорија официјално си го врати напаѓачот Маноло Габијадини од Саутемптон за 12 милиони евра.

Двата клуба потврдија на официјалните веб-сајтови дека трансферот на Габидијани е постојан и покрај шпекулациите дека 27-годишниот Италијанец ќе биде позајмен до крајот на сезоната.

Габијадини се враќа во Сампдорија, каде што постигна 19 гола во 50 настапи пред да замине за Наполи во јануари 2015. Тој славно постигна шест гола во првите четири настапи за Саутемптон од февруари до март 2017, но оттогаш имаше само шест гола за „светците“. Габијадини има и два постигнати голови во 11 настапи за италијанската репрезентација.

Scroll to Top