Top Sport

Габриел му врати на Обамејанг: Ништо лично… Лондон е црвен

Арсенал ја продолжи одличната серија во Премиерлигата со 0:1 победа на „Стемфорд Бриџ“ над Челси, и стрелецот на голот, Габриел Магаљаеш не можеше, а да не му врати на поранешниот соиграч Пјер-Емерик Обамејанг за контроверзното видео кое се појави пред лондонското дерби.

Обамејанг, кој првично си замина од Арсенал по конфликтот со менаџерот Микел Артета за трансфер во Мадрид, за потоа да се врати ова лето во Лондон, но во син дрес, пред мечот преку социјалните мрежи објави видео на кое беше во дрес на Челси со порака: „Се вратив. Ништо лично… Лондон е син“.

Магаљаеш, кој беше забележан како прославува покрај Обамејанг во текот на мечот, врати на Твитер: „НИШТО ЛИЧНО… Лондон е црвен“.

Scroll to Top