Габриел Жесус треба самиот да има доверба дека може да ги предводи Манчестер сити без да добива одобрување од својата мајка и од менаџерот, вели Пеп Гвардиола.
22-годишниот Бразилец мора да се „крене“ пред саботното дерби на Манчестер, откако Серхио Агуеро поради повреда нема да биде во тимот, а неодамна постигна два гола при 4:1 победата над Барнли, први голови од средината на октомври. Гвардиола бара повеќе.
„Мора да биде тој што е. Потребни ни се неговите голови и затоа победивме во последниот меч. Мора во умот да има мисла дека може да го прави тоа на секој натпревар. Самодовербата е потребна без разлика дали победувате или губите. Најдобрите спортисти на светот имаат најсилен менталитет. Во Премиер лигата се бара играње на највисоко ниво. Мора да го имате квалитетот и да го контролирате, без да ви се потребни менаџерот, вашата мајка или пријателите да те поддржат“, вели Гвардиола.