Top Sport

Габриел Жесус го пропушта стартот на сезоната

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус имаше мала операција на коленото и ќе го пропушти почетокот на сезоната во Премиер лигата.

Бразилецот не играше вчера против Монако во „Купот на Емирати“, а менаџерот Микел Артета подоцна потврди дека бразилскиот напаѓач ќе отсуствува неколку недели поради „мала операција“.

Како што јави Би-би-си, повредата на 26. годишниот голгетер е поврзана со проблемите со коленото кои ги имаше минатата сезона, поради што беше потребна и операција.

Фудбалерите на Арсенал го освоија традиционалниот „Куп на Емирати“, откако го совладаа Монако по подоброто изведување пенали. По 90 минути игра натпреварот заврши нерешено 1:1.

За избраниците на Микел Артета ова беше генерална проба пред почетокот на сезоната и пресметката со англискиот шампион Манчестер сити за трофејот Комјунити Шилд (ФА Суперкуп) следниот викенд.

Scroll to Top