Top Sport

Габриел Жесус ја доби „деветката“ во Арсенал

Иако трансферот од Манчестер сити уште не е официјално потврден, снимките кои се појавија на Интернет го покажуваат Габриел Жесус со бројот девет во дрес на Арсенал.

Видеото кое е снимено од триините на „Емирати“ го покажува Жесус како учествува во фото-сесија со својот нов клуб по трансферот од 45 милиони фунти и бројот на грбот на дресот на Бразилецот.

Ова значи дека Жесус ќе го носи бројот кој до оваа сезона беше кај Александер Лаказет, кој заминува од клубот и ќе се врати во Лион.

Scroll to Top