Напаѓачот на Манчестер сити, Бразилецот Габриел Жесус признава дека имал многу за учење кога пристигнал во Премиер лигата, бидејќи „сакал пица и бургери“ пред да добие личен тренер.
Жесус пристигна на „Етихад“ во зимскиот преоден рок во 2017 година, кога беше уште тинејџер и додава дека не ги знаел вистинските предизвици кои ги очекуваат елитните спортисти. Но, тој бргу ја научил лекцијата.
„Пред да дојдам во Манчестер сити, во Палмеирас работевме многу поинаку. Тука уште во првата година многу работи се сменија. Пица, бургери, леб, ги обожавав тие работи. Тоа беше лошо за мене и моето тело, но тоа беше пред да дојде мојот личен тренер Андре Куња. Тој е вистински професионалец и ми помогна многу. Сега имам многу одобра исхрана и не полудувам за таква храна“, вели Жесус во интервју за „Скај спорт“.
Жесус има 138 настапи за Сити и 63 гола.