Top Sport

Габриел Жесус: Сакав да се „застрелам“ од мака!

Напаѓачот на Манчестер Сити, Бразилецот Габриел Жесус постигна хет-трик синоќа на „Максимир“ во последното коло од групната фаза во ЛШ, против Динамо Загреб. Претходно тој беше стрелец и на мечот од ПЛ против Брајтон, па се чини заврши неговиот „пост“ бес погодок цели 700 минути.

„Сакав да се `застрелам` од мака. Искрено, последниот еден месец не бев добар и не бев задоволен. Играв 9 или 10 меча, но не постигнав гол, а пропуштив многу шанси. Не можам да зборам за другите играчи, но кога не сум задоволен од себе си, ми доаѓа да се `застрелам` в глава колку ми е тешко“ – изјави Жесус.

Бразилецот сезонава е втор избор кај Пеп Гвардиола.

„Меѓу мене и Агуеро владее пријателско натпреварување. Морам да учам од него затоа што во текот на кариерата многу постигна за Сити“ – вели тој.

„Граѓаните“ како првопласирани ја завршија групната фаза во ЛШ.

Scroll to Top