Top Sport

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по 38 години затвор откако беа прогласени за виновни во случајот со силување на 15-годишно девојче во 2017 година.

Девојката, чие име не е објавено, го пријавила случајот на полицијата откако била поканета во станот во кој живееле тројцата фудбалери. Таа била проморана да се соблекува и да има секс со играчите, кои инсистираа дека ова не е точно и дека немало сексуални односи.

Судењето во Шпанија се одвиваше зад затворени врати за да се спречи контакт меѓу обвинетите и жрвтвата и нејзиното семејство. Судот одлучи дека фудбалерите знаеле дека девојката е малолетна и затоа им досуди толку висока казна. Фудбалерите, кои веднаш добија отказ од клубот, се очекува дека ќе се жалат на одлуката.

Scroll to Top