Top Sport

Габриел Жесус се договорил со Арсенал

Габриел Жесус ги договорил личните услови со Арсенал, и ќе премине од англискиот шампион Манчестер сити во договор вреден 45 милиони фунти, тврди вообичаено сигурниот Фабрицио Романо.

„Топчиите“ подолго време се обидуваа да го добијат потписот на Бразилецот, кој можеше да очекува помала минутажа во Манчестер сити по пристигнувањето на Ерлинг Халанд, а на „Емирати“ ќе добие сигурно стартно место покрај Еди Нкетија.

Според Романо, клучен во договорот бил спортскиот директор на Арсенал, бразилскиот сонародник на Жесус, Еду. Жесус ќе потпише договор до 2027 година.

Scroll to Top